Дома Фудбал Билбао и Гетафе ремизираа на стартот на сезоната

Билбао и Гетафе ремизираа на стартот на сезоната

Новата сезона во Примера започна со реми помеѓу екипите на Атлетик Билбао и Гетафе.

Резултатот беше отворен во 27. минута, Сансет постигна фантастичен гол за водство на домаќините.

Гетафе почна фуриозно вториот дел, во 48. минута, Питер Федерико ја погоди стативата, а потоа ударот на Карлес Алења го одбрани голманот на Атлетик, Алекс Падиља.

Конечно во 64-та минута Уче најдобро се снајде после еден корнер и израмни на 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин за „војната“ со ФИФА: Довербата е изгубена!

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, изјави дека довербата во светскиот фудбал не е …