Од редовите на Брајтон ја активирале откупната клазула за напаѓачот на Лидс, Жоржињо Рутер за кого ќе платат сума од 40 милиони фунти.
Претходно Брајтон испрати две понуди до Рутер, една од 29 милиони фунти и една од 35, но од Лидс беа цврсто решени дека тој може да замине само ако некој ја плати откупната клазула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На крајот во Брајтон одлучиле да го исполнат условот и да го доведат во своите редови.
Преостанува уште само Рутер да договори одредени лични детали и се да биде официјализирано. Трансферот во Брајтон за Рутер ќе биде и шанса да игра во Премиер лигата со оглед на тоа дека Лидс се натпреварува во Чемпионшип.