Дома Трансфер зона Вест Хем не го откупи неговиот договор, но Сити пронајде нов клуб за фудбалерот кој е „вишок“

Вест Хем не го откупи неговиот договор, но Сити пронајде нов клуб за фудбалерот кој е „вишок“

Според најавите од Островот, Калвин Филипс од редовите на Манчестер Сити е на добар пат да пронајде нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екс-фудбалерот на Лидс не ги оправда очекувањата во Манчестер и вториот дел од сезоната го мина во Вест Хем на позајмица, а и „чеканите“ одлучија да не го откупат неговиот договор.

Сепак Сити изгледа пронашол нов клуб каде што ќе биде позајмен. Најавите се дека со новиот премиерлигаш Ипсвич постигнале договор за позајмица од една година.

Ипсвич ќе биде шанса Филипс да си ја врати кариерата на вистинските патеки, додека Гвардиола би се ослободил од фудбалер кој го смета за „вишок“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…