Дома Фудбал Италија Јувентус ја одреди цената за Филип Костиќ

Јувентус ја одреди цената за Филип Костиќ

Српскиот фудбалер, Филип Костиќ не е во плановите на Тијаго Мота за новата сезона во Јувентус, а според последните информации интерес за него покажал премиерлигашот Кристал Палас.

Костиќ е повреден и во овој момент е надвор од терените. Повредата ја заработи во настапот за Србија на Европското првенство кое се игра ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според последните информации од Италија, Јувентус е спрeмен да го продаде Костиќ за сума од осум милиони евра.

Главна причина за интересот од Кристал Палас е тренерот Оливер Галсер со кого Костиќ соработуваше во Ајнтрахт Франкфурт. Костиќ под негово водство во германскиот клуб запиша 16 асистенции и постигна седум гола на 45 натпревари.

Сепак, медиумите го поставуваат прашањето дали Палас е подготвен да доведе фудбалер кој во овој момент се рехабилитира од повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стивен Џерард посака Ливерпул да си ја врати поранешната ѕвезда и кажа кој го гледа како замена за Мо Салах

Легендата на Ливерпул Стивен Џерард изјави дека многу би сакал Луис Дијаз да се врати на „…