Дома Трансфер зона Њукасл плати 15 милиони фунти за напаѓач кој минатата сезона постигна три гола

Њукасл плати 15 милиони фунти за напаѓач кој минатата сезона постигна три гола

Досегашниот фудбалер на Шефилд Јунајтед, Вилијам Осуло е нов играч на Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Њукасл не ги откри деталите од договорот, а „Би-Би-Си“ објави дека трансферот на 21-годишниот дански напаѓач изнесувал 15 милиони фунти.

Осуло во минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна три гола за Шефилд кој испадна во Чемпионшип.

„Ова е голем клуб и среќен сум поради приликата да дојдам во Њукасл. За мене ова е голема шанса. Кога слушнав дека Њукасл е заинтересиран знаев дека морам да ја искористам шансата“, изјави Осуло.

Тренерот на Њукасл, Еди Хау изјави дека клубот го следел Осуло три години и дека го препорачал помошник тренерот Џејсон Тиндал кој во 2021 година беше дел од стручниот штаб на Шефилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…