Дома Останати Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршена сум поради неа!

Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршена сум поради неа!

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз.

Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1.
Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук.

„Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент“, порача Кук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…