Реал Мадрид откако го комплетираниот трансфер на Ендрик се сврте кон Аргентина каде што најде нов „бисер“.
„Марка“ пишува дека нова мета на „кралскиот клуб“ е 16-годишниот ас на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последниве недели, луѓе од Реал Мадри го посетиле Буенос Аирес со цел на дело да ги видат квалитетите на 16-годишникот.
Мастантуоно одигра само девет натпревари во првиот тим на Ривер, но тоа беше доволно да го привлече вниманието на себе, а клазулата која сега ја има во договорот изнесува 45 милиони евра. Ако се случи Реал Мадрид да ја плати оваа сума тогаш тој би бил најскапиот трансфер во историјата на аргентинскиот клуб.
Кралевите“ сакаат да го обезбедат неговиот потпис и тој да пристигне во Мадрид кога ќе наполни 18 години.