Дома Кошарка Будуќност одигра посилна кошарка од Црвена ѕвезда во АБА лигата

Будуќност одигра посилна кошарка од Црвена ѕвезда во АБА лигата

Црвена ѕвезда доживеа домашен пораз од Будуќност со 75:79 во дербито на четвртото коло на АБА-лигата за веќе да нема непоразени тимови во регионалното натпреварување.

Во реприза од финишот на мечот против Жалгирис, Ѕвезда имаше шанса да го реши мечот во неизвесната завршница, но Фелдин промаши отворен кош, по што гостите ја потврдија победата.

Најефикасен кај Звезда беше Тејлор Рочести со 23 поени, а македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра 15 минути од мечот и постигна само три поени откако беше исклучен, прво поради техничка, а потоа поради неспортска грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нено ја носи формата од Арис во репрезентацијата, Еврокупот ја истакна неговата визија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на репрезентативните подготовки со просек од 5,2 асистенции…