Дома Фудбал Италија Пет погодоци, пенал и ХЕТ-ТРИК на Икарди – Милано „обоен“ во сино! (Видео)

Пет погодоци, пенал и ХЕТ-ТРИК на Икарди – Милано „обоен“ во сино! (Видео)

Денес беше одиграно големото градско дерби во Италија помеѓу Интер и Милан, а на крајот тоа заврши со реми 3:2.

Интер пред почетокот на средбата можеби беше „благ“ фаворит, а на крајот и успеа да слави.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ до предност стигна во 28 минута кога одличниот нафрлување на Антонио Кандрева во шеснаесетникот го искористи Мауро Икарди кој го матираше Џанулиџи Донарума. До крајот на полувремето не видовме нов погодок, па на полувреме се замина со минимална предност на избраниците на Лучијано Спалети.

Во вториот дел, Милан започна многу подобро се закануваше, Сусо испрати удар од далечина, но тој идеше директно во Хандановиќ, па Словенецот немаше многу проблеми. Сепак, токму Шпанецот успеа да погоди и да го изедначи резултатот само неколку минути подоцна.

Интер до нова предност стигна во 63 минута од средбата кога овој пат Перишиќ го пронајде Икарди, а овој на мајсторски начин успеа да се снајде и по втор пат да ја погоди мрежата на Донарума. Боновентура изедначи во 81 минута од средбата, но сепак Милан не успеа да издржи до крај. Во финишот од средбата Икарди со својот трет погодок со удар од белата точка донесе голема победа од 3:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар триумфира против Работнички во скопското дерби

Во рамки на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар славеше минимално со 1-0 …