Олимписките игри во Париз, 33-ти по ред, ОФИЦИЈАЛНО се отворени. Уникатната церемонија која траеше речиси четири часа го означи почетокот на најголемиот светски спортски настан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За прв пат во историјата свеченото отворање на Олимписките игри се одржа надвор од стадионот.
Делегации од сите земји пловеа по реката Сена на 85 чамци и ги посетија некои од најголемите знаменитости на Париз.
Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме, како предводници на македонската делегација која брои шест спортисти.
Македонската делегација се наоѓаше во ист брод заедно со делегациите на Луксембург, Лихтенштајн и на Мадагаскар, како дел од овој спектакл во „градот на светлината“.
На оваа Олимпијада, Македонија ќе настапи со шест спортисти, Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (стрелаштво), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).



