Дома Трансфер зона Во Ливерпул спремни да преговараат за Ван Дајк: Одредена цената за Холанѓанецот?

Во Ливерпул спремни да преговараат за Ван Дајк: Одредена цената за Холанѓанецот?

Се шпекулираше во претходниот период дека Ван Дајк може да го напушти Ливерпул, а сега пристигнуваа нови информации.

Наводно на „Енфлид“ со новиот тренер Арне Слот донеле одлука дека Ван Дајк може да биде продаден, но само за адекватна понуда.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Според информациите раководството на Ливерпул би можело да започне преговори за трансфер на холандскиот дефанзивец само ако некој клуб понуди 55 милиони евра.

Како со голем број фудбалери, веднаш како заинтересирани се јавија саудијците. Наводно од редовите на Ал Наср се „најзагреани“ да го видат во своите редови.

Ако Ливерпул се реши да го продаде Ван Дајк, тогаш сигурно дека ќе треба да доведе и негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …