Францускиот фудбалер поради повреда ќе отсуствува подолго време од терените.
Бенџамин Менди ова лето пристигна во Манчестер Сити со епитетот еден од најпреспективните леви бекови во светот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Менди минатата сезона одигра одлично во Монако со кој стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, ја освои француската Лига 1, Гвардиола одлучи да го доведе и за него ја плати клазулата од 50 милиони евра.
Сепак, после само четири настапи во дресот на „граѓните“ оваа сезона тој заработи повреда, па мораше да замине на операција, а со самото тоа и на долга пауза.
На Гвардиола му е јасно дека замената за Французинот мора да биде ангажирана веќе во јануари, во овој момент на левата бековска позиција игра Фабијан Делф и добро се снаоѓа, но јасно е дека тој е само привремено решение.
Сега изгледа дека „граѓаните“ пронајдоа фудбалер кој сметаат дека би бил одлична замена, а тоа е левиот бек на Саутемптон и поранешен фудбалер на Челзи, Рајан Бертран. Неговата цена е околу 30 милиони фунти и јасно е дека тоа не е преголем проблем за Сити, па Бертран веќе во јануари би можел да стане „граѓанин“.