Иван Ракитиќ и официјално е нов фудбалер на Хајдук Сплит, а овој трансфер донесе голема еуфорија во тимот од Сплит.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Трансферот хрватскиот клуб го потврди преку социјалните мрежи.
„Хајдук со особено задоволство може да потврди дека Иван Ракитиќ во наредната сезона ќе го носи белиот дрес! Еден од најголемите играчи во историјата на хрватскиот фудбал, нешто пред полноќ го потпиша договорот со Хајдук кој трае до крајот на наредната сезона со опција за уште една година“
Ракитиќ потпиша договор на една сезона со можност тој да биде продолжен на уште една.