Дома Трансфер зона Јоро прифатил да се пресели во Манчестер Јунајтед поради – закана!

Јоро прифатил да се пресели во Манчестер Јунајтед поради – закана!

Дефанзивецот на Лил, Лени Јоро е пред преселба во Манчестер Јунајтед. Иако беше блиску до потпис со Реал Мадрид на крајот работите се променија бидејќи Манчестер Јунајтед реагираше побрзо.

Реал Мадрид сакаше Јоро да остане уште една сезона во Лил, па да пристигне откако ќе му истече договорот како слободен играч.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Манчестер Јунајтед од друга страна немал проблем да ги исполни финансиските барања на францускиот клуб. Тука се појавил проблем бидејќи фудбалерот одбивал да се пресели на „Олд Трафорд“ и сакал да го чека Реал.

Сепак, Лил како што пренесуваат француските медиуми му се заканил дека ако не прифати да се пресели во Манчестер Јунајтед цела сезона ќе помине на клупата за резерви.

Јоро очигледно не сакал да ризикува и да ја загуби натпреварувачката форма, па затоа се согласил на трансфер на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …