Дома Топ вести Му здодеа да биде резерва на Халанд: Алварез го избрал новиот клуб?!

Му здодеа да биде резерва на Халанд: Алварез го избрал новиот клуб?!

Хулијан Алварез како што стојат работите ќе го напушти Манчестер Сити, а како фаворит за неговиот потпис во овој момент е Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне веќе ги направил првите чекори и го повикал својот сонародник да пристигне како замена за Алваро Мората кој ќе се пресели во Милан.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Алварез е поласкан од понудата, смета дека Атлетико е вистинскиот клуб кој ќе му понуди место како редовен стартер што во овој момент за него е најважно. Ако остане во Сити ќе продолжи да биде во ротација со Ерлинг Халанд кој ќе има многу поголема минутажа.

Сепак, според доверливи аргентински извори, Алварез чувствува дека е време за поголем предизвик и постојано да биде на теренот, да напредува и да постигнува голови, а Симеоне во него гледа клучен играч за нов почеток.

Манчестер Сити наводно не сака да го пушти, а во неговиот договор има откупна клазула од 60 милиони евра, меѓутоа таа истекува за три дена – на 20-ти јули.

До 20-ти јули веројатно нема време да се комплетира трансферот, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …