Германскиот фудбалер Томас Милер и ѕвезда на репрезентацијата на Германија, објави дека се повлекува од репрезентацијата.
Милер по елиминацијата на Германија најави дека ќе донесе одлука за неговата иднина во националниот дрес, а сега потврди дека повеќе нема да настапува за Германија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот натпревар за Германија Милер го одигра во четвртфиналето на Европското првенство, кога Шпанија со голот на Микел Мерино во 119. минута ги елиминираше Германците.
На вечната листа Милер е трет по бројот на настапи за Германија, а пред него се Мирослав Клосе со 137 и Лотар Матеус со 150.