Дома Фудбал Најтрофејниот играч во историјата на фудбалот – Лионел Меси!

Најтрофејниот играч во историјата на фудбалот – Лионел Меси!

Аргентинецот вчера го освои 45. трофеј во кариерата и стана најтрофејниот играч во историјата на фудбалот.

Со титулата во Копа Америка, Меси го надмина поранешниот соиграч од Барселона, Бразилецот Дани Алвеш, кој освои 44 титули.

Меси беше во солзи по финалето на Копа Америка поради повреда и натпреварот го заврши во 65. минута.

Вкупно, тој освои шест титули со Аргентина – Светско првенство за играчи до 20 години, финале (КОНМЕБОЛ-Куп на УЕФА), Олимписки игри (2008), две Копа Америка и Светско првенство во 2022 година. Најмногу освои со Барселона (36), со ПСЖ две и една со Интер Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тиквеш со залет од Скопје, Шкендија под притисок во Кавадарци

По убедливата победа над Вардар, Тиквеш ја пречекува Шкендија во дуел важен за врвот. Тето…