Уругвај го освои третото место на Копа Америка откако по изведувањето пенали ја победи селекцијата на Канада.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Уругвај одлично го почна мечот, поведе со гол на Бентакур уште во осмата минута. но Канаѓаните направија пресврт со головите на Исмаел Коне во 22. и Џонатан Давид во 80. минута.
Меѓутоа, во 92-та мнута Суарез го спаси Уругвај од пораз и го одведе мечот во продолженија, а потоа одлучуваше пенал серијата.
Серхио Росе прво го одбрани ударот Коне, а потоа и на Алфонсо Дејвис, па така Уругвај дојде до третото место.