Дома Фудбал Македонија ќе има свој претставник во финалето на Европското првенство

Македонија ќе има свој претставник во финалето на Европското првенство

Во недела се игра големото финале на Европското првенство, а Македонија иако е далеку од европскиот врв сепак ќе има свој претставник.

УЕФА ги одреди официјалните лица за натпреварот, па така стигна потврда дека Македонецот Филип Поповски ќе биде назначен за делегат на финалето.

Потврдени беа и судиите (ТУКА), па така на центарот главен ќе биде Французинот Франсоа Летексиер.

Поповски зад себе има големо искуство и редовно е делегиран од УЕФА на европските натпревари, па така сега ја доби довербата и за финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …