Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА го избра судијата за финалето на Европското првенство

УЕФА го избра судијата за финалето на Европското првенство

Eвропската куќа на фудбалот го одреди судијата за големото финале на Европското првенство кое во недела ќе го играат Англија и Шпанија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Судискиот комитет на УЕФА одлучи главен на центарот да биде Франсоа Летексиер.

35-годишниот Французин е меѓународен судија од 2017 година и во кариерата судеше на 65 официјални натпревари во рамките на УЕФА.

На Европското првенство во Германија делеше правда на три натпревари (Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија). Исто така на отворањето на првенството помеѓу Германија и Шкотска беше четврти судија.

Негови помошници ќе бидат: Сирил Муние и Мехди Рахмун, а Полјакот Марчињак ќе биде четврти судија. За регуларноста од ВАР собата ќе се грижат: Жером Бизаир, Вили Делаж и Масимо Ирати.
Финалето се игра во недела во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…