Дома Останати Тенис Федерер со изненадувачка изјава за Ѓоковиќ

Федерер со изненадувачка изјава за Ѓоковиќ

Додека во тек се натпреварите на Вимблдон за медиумите е интересно и да се слушне мислењето на легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер.

Федерер беше гостин на подкастот „Што сега? Со Тревор Ноа“ и во него зборуваше за многу теми.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Неизбежен беше делот и за Ѓоковиќ кој долги години беше голем ривал на Швајцарецот на терените. Иако многумина можеби имаат поинакво мислење, Федерер сепак има големо мислење како за Ѓоковиќ, така и за Рафаел Надал и Енди Мареј.

„Навистина уживам да го гледам Ѓоковиќ како руши рекорди, а се надевам и дека Енди ќе продолжи. Неговиот колк му прави проблеми, но се гледа дека има голема желба. Рафа беше во тешка ситуација и верува дека може да продолжи да победува повеќе, верувам и јас во тоа“, изјави Федерер.

Ќе потсетиме, неодамна во јавноста беше промовиран и документарен филм за неговото пензионирање кој го носи името „Последните 12 дена“.

„Филмот не го снимавме за публика, го снимавме за нас. За моите деца, тимот пријателите…Не сакав постојано камери околу себе, посебно не дома, бидејќи секогаш сум сакал моите деца да бидат подалеку. Не сум имал проблем да бидам отворен за медиумите во сите ситуации, освен кога сум дома“, изјави Швајцарецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер и Алкараз сигурни, но но и едно изненадување на турнирот во Шангај

Во центарот на тениската јавност во овој период се случувањата на турнирот во Шангај каде …