Дома Фудбал Астон Вила не запира: Ново засилување е поранешниот фудбалер на Челзи

Астон Вила не запира: Ново засилување е поранешниот фудбалер на Челзи

Рос Баркли кој минатата сезона го носеше дресот на Лутон е ново засилување за Астон Вила.

За поранешниот фудбалер на Челзи ова е враќање во клубот каде што играше како позајмен фудбалер во сезоната 2020/2021.

Баркли настапуваше уште за Евертон, Ница, Шефилд и Лидс. Се поврзуваше изминатите денови со Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот не излезе ништо од таа можност.

Во изминатата сезона како играч на Лутон кој испадна од Премиер лигата постигна пет голови на 37 натпревари.

Пред него Астон Вила се засили со: Саумел Илинг Жуниор, Енцо Баренчеу, Јан Матсен и Луис Добин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓул влезе од клупата и ја реши Астон Вила – Галатасарај славеше со 1-0!

Дениз Ѓул погоди со глава во 77. минута за победа на Галатасарај. Астон Вила имаше повеќе …