Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, по натпреварот со Хрватска, направи скандал и со мегафон ја поведе публиката да скандираат вулгарности против македонскиот народ.
Ваквото скандалозно однесување предизвика бура од реакции, па ФФМ побара јавно извинување од фудбалерот, а УЕФА му изрече санкција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даку беше супендиран на два меча, не играше на третиот натпревар од групната фаза, а сега вели дека се срами од своето однесување.
„По првиот натпревар против Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По мечот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина, за навивачите да го прифатат, да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го зедов мегафонот и ги кажав тие зборови“.
„Навивачите често си дозволуваат да упатуваат навредливи повици до навивачите на други земји и атмосферата ве загрева, тоа влијае на сите на стадионот. Тој меч имаше емотивна завршница, го постигнавме израмнувачкиот гол во последната минута и јас дебитирав на ЕП, емоциите беа многу големи. Но, тоа не го оправдува мојот потег. Веднаш по ова сфатив дека згрешив затоа што изговорив несоодветни зборови. Она што е најважно, не требаше да кажувам такви зборови за ниту еден народ. Тоа е едноставно неприфатливо. Тоа е ужасен чин. Жал ми е, и им се извинувам на сите што беа повредени од оваа постапка“, изјави Даку.