По завршувањето на групната фаза осум репрезентации го завршија настапот, а тоа значеше и промена во бројката на претставници кои ги имаат фудбалерите во националните тимови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред почетокот на нокаут фазата која стартува со натпреварот помеѓу Италија и Швајцарија објавено е дека Интер и ПСЖ имаат најмногу фудбалери . Италијанскиот и францускиот клуб имаат по 12 фудбалери кои се уште се со обврски кон своите играчи.
Пет играчи на Интер се дел од италијанската репрезентација и денеска ќе истрчаат против Јан Зомер кој го брани голот на Швајцарија.
На третото место е Манчестер Сити со 11 фудбалери, потоа Реал Мадрид, Барселона и Баерн со по 10 играчи. Зад нив Лајпциг има девет фудбалери распоредени во неколку селекции.
L'Inter sarà con il PSG la squadra con più rappresentati 🎽 agli ottavi di #EURO2024 #TMdatabase pic.twitter.com/3ElZooeID1
— Transfermarkt.it (@TMit_news) June 27, 2024