Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Франција заборави да победува, Австрија подобра од Холандија🎥

Франција заборави да победува, Австрија подобра од Холандија🎥

Интересна разврска во третото коло во Групата Д. Франција одигра само реми со Полска, Австрија ја победи Холандија.

После овие резултати Австриај заврши на првото место со 6 бода, втора е Франција со 5, а Холандија на третото место со 4 бода и сите три репезентации одат во следната фаза.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Холандија несреќно си постигна автогол во шестата минута, кога Дониел Мален ја затресе сопствената мрежа. Коди Гакпо во 47. минута израмни, но Романо Шмид во 59. минута повторно ја доведе Австрија во водство.

Мемфис Депај уште еднаш израмни во 75. минута, но Марсел Сабицер неколку минути подоцна постигна гол за победа.

Франција се мачеше со Полска и дефинитивно е вклучен алармот кај „триколорите“. Содздадоа многу шанси но без реализација. Мбапе погоди од пенал, но Полска на ист начин стигна до гол, кога Левандовски беше прецизен одбелата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ја завршија сезоната без пораз – но не го освоија првенството

Најтрофејниот клуб во Молдавија Шериф Тираспол, ја заврши сезоната без ниту еден пораз, а …