Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА нема мир од Балканците: Хрватите барале усташки песни за загревање, Србите бурно реагираат!

УЕФА нема мир од Балканците: Хрватите барале усташки песни за загревање, Србите бурно реагираат!

Продолжуваат тензиите помеѓу балканските репрезентации на Европското првенство и одново во центарот на вниманието се Србите и Хрватите.

Видовме што се случуваше на натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија, а сега од Србија најдоа и нови замерки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите на српските медиуми, Хрватска до УЕФА испратила список на песни со кои би се загревале на натпреварот со Италија. На списокот стоела и песната од Марков Перковиќ Томпсон „Убава си“ која содржи усташки симболи и провокации кон Србија.

Претходно пред натпреварите со Албанија и Шпанија хрватските навивачи и фудбалери се загреваа со нивната фудбалска химна и „Срце огнено“. Имаше и други песни од хрватски изведувачи од: Мишо Ковач, Дорис Драговиќ, Магазин…

Како што велат Србите, ако УЕФА се одлучи да им ја пушти бараната песна од Томпсон тоа би било голем скандал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…