Aрда Ѓулер одигра одлично за Турција и беше еден од најзаслужните за победата против Грузија во првото коло, а на големо изненадување остана на клупата во второто коло против Португалија, меч кој Турција го загуби.
Ѓулер на овој натпревар влезе во второто полувреме кога Турција веќе беше во тешка ситуација. Тренерот Винченцо Монтела на прес-конференцијата изјави дека сакал Ѓулер да се одмори бидејќи постоел ризик од повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, по последната ситуација на тренингот на Турција навивачите се прашуваат дали има вистина во оваа изјава на италијанскиот стратег.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Монтела го испраќа Ѓулер сам да тренира и му го одзема маркерот, а комуникацијата не изгледаше како срдечна, можеше и да се забележи дека младиот фудбалер е изненаден.
Arda Guler e degil ordaki hic bir topcuya yapamazsin bunu davranisa bak yav s. Git montella pic.twitter.com/K6GTHc6F2t
— Murat (@katil_lepistes) June 23, 2024