Дома Фудбал Сите беа изненадени: Еве зошто Монтела го оставил Ѓулер на клупата против Португалија

Сите беа изненадени: Еве зошто Монтела го оставил Ѓулер на клупата против Португалија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер беше најдобриот турски играч на теренот во првиот натпревар против Грузија кога и постигна спектакуларен гол, па затоа беше големо изненадување што во мечот против Португалија не беше во стартниот тим.

Сепак, тренерот Винчецо Монтела на новинарите им откри дека постоел ризик од повреда и тоа било причината што не го стартувал натпреварот.

„Жалам што Арда беше на клупата, но тој беше изморен од првиот натпревар и постоеше ризик од повреда. Го уфрлив игр во игра на крајот од натпреварот со цел да постигнеме барем еден гол, но не успеавме“, изјави Монтела.

Во последното коло Турција игра против Чешка и со победа сигурно ќе ообезбеди место во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат патот кон Лига Б: фудбалерките со два повисокорангирани ривали

Македонија ќе игра со Израел, Фарските Острови и Андора во Лигата на нации. Новиот циклус …