Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична и неизвесна завршница во третото коло од Групата Е.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мечот започна одлично за Белгија која дојде до водство после само 74 секунди игра со голот на Тилеманс на асистенција на Лукаку.

Лукаку повторно и на овој не се запиша во листата на стрелците, а имаше неколку одлични шанси. Во 64-та минута ја затресе противничката мрежа, но ВАР го поништи голот поради офсајд.

Надмоќта на Белгија конечно ја материјализира Де Брујне во 80-та минута кога ги постави конечните 2:0.

После две одиграни кола сите четири репрезентации имаат по три освоени бода и со поддеднакви шанси влегуваат во третото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Oфицијално: Левандовски се збогуваше со Барселона! (Видео)

Роберт Левандовски ја објави својата одлука дека заминува од Барселона. Полскиот напаѓач п…