Хрватската пингпонгарка Ивана Малобабиќ на 44 години за првпат се избори за пласман на Олимписките игри кои ова лето ќе се играат во Париз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Малобабиќ ова ќе биде прв настап на Олимписките игри и до него успеа да дојде на 44 години.
До пласманот во Париз не дојде преку квалификациите, туку имаше доволно добар пласман на ИТТФ листата каде што се наоѓа на 73. место. Таа е единствената хрватска пингпонгарка во топ 100.