Србија со гол во последните секунди успеа да се спаси од пораз против Словенија (1:1) и да ги остави сите шанси отворено за третото коло.
Словенија беше подобар противник во првото полувреме, имаше иницијатива, создаваше шанси, а во 37.минута Елшник ја погоди стативата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
При крајот на полувремето Србија имаше одлична шанса преку Митровиќ, кој не успеа да го совлада Облак од чиста ситуација.
Во вториот дел Србија тргна поофанзивно, Митровиќ повторно излезе сам пред Облак и не успеа да го совлада.
Казната стигна во 69-та минута кога Карничник постигна гол за водство на Словенија. После тоа Пикси во игра ги внесе Милинковиќ Савиќ и Самарџиќ, па Србија доби на креативност и нападна со сите сили но не успеваше да создаде чиста шанса.
Израмнувањето стигна во 95-та минута преку Лука Јовиќ, кој најдобро се снајде после еден корнер.