Дома Фудбал Херојот на Португалија: До крајот верувавме во победа

Херојот на Португалија: До крајот верувавме во победа

Португалија оствари драматична победа од 2:1 над Чешка синоќа во последниот натпревар од првото коло на Европското првенство.

Чесите водеа од 62. минута, но седум минути подоцна Робин Хранач си постигна автогол и ја врати Португалија во игра, а Франциско Консеисао им ги донесе трите бода на избраниците на Роберто Мартинез во 92. минута.

На чело на групата Ф, Турција и Португалија сега имаат по три бода, додека Грузија и Чешка немаат бодови.

Најдобар играч на натпреварот беше играчот од средниот ред на ПСЖ, Витиња. 24-годишниот Португалец имаше 95 проценти прецизност на додавање, освои 6/6 дуели со противниците и суверено ја контролираше средината на теренот. По натпреварот изјави:

„Бевме многу добро организирани и останавме на планот за игра. За среќа, израмнивме и до крајот верувавме дека можеме да го свртиме натпреварот. Мораме да бидеме подобри, но ова сепак беше првиот натпревар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем и Њукасл го следат Де Винтер, но Милан ги држи картите

Белгискиот дефанзивец е на радарот на неколку премиерлигаши, но договорот до 2030 година и…