Репрезентацијата на Србија во овој период е во центарот на вниманието поради случувањата по натпреварот против Англија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот Душан Тадиќ создаде тензија изразувајќи незадоволство затоа што Пикси го остави на клупата против Англичаните. Селекторот му возврати дека неговата изјава не е во ред.
Сега на оваа тема се огласи голманот Предраг Рајковиќ.
„Јас сум подобро подготвен од Душан Тадиќ“, прокоментира Рајковиќ низ насмевка, па се обиде да ја смири тензијата.
„Атмосферата е супер. Можеби во неделата главите беа жешки па се кажа тоа што се кажа. Сепак тоа е минато, целиот фокус е на Словениј. Но, слободно можете да напишете дека физички сум подобро подготвен од Тадиќ!“, изјави голманот.
По поразот од Англија, Србија ја очекуваат натпревари против Словенија и Данска во кои ќе се обиде да дојде до место во осминафиналето.