Серхио Рамос за две недели станува слободен играч. Славниот шпански дефанзивец нема да го продолжи договорот со Севиља во која се врати на почетокот на минатата сезона.
Рамос е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Минатата сезона беше стандарден во Севиља. Одигра 37 натпревари, постигна седум гола и асистираше еднаш во 3301 минути поминати на теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кариерата ја започна во Севиља во 1996 година, а во 2005 година се пресели во Реал Мадрид. Таму играше до 2021 година, а потоа по истекот на договорот се пресели во ПСЖ.
За шпанската репрезентација постигна 23 гола на 180 натпревари. Во кариерата освои се што можеше да се освои, а за Реал Мадрид постигна 101 гол на 671 натпревар и освои четири ЛШ. Со Шпанија двапати беше европски и еднаш светски првак.