Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Белингам: Не верував дека Србија има толку добри фудбалери

Белингам: Не верував дека Србија има толку добри фудбалери

Џуд Белингaм, херојот од триумфот на Англија против Србија, ги пофали „орлите“ по натпреварот од првото коло од групата Ц на Еврoпското првенство во Германија.

Фудбалерите на Србија вчера во Гелзенкирхен беа поразени од Англија со 1:0, а Белингам во 13. минута го совлада голманот Рајковиќ.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Србија одигра добар натпревар, особено во второто полувреме, па Англичаните кои во Германија дојдоа како први фаворити на турнирот мораа да стравуваат до крајот за победата. Србија имаше неколку добри шанси, особено во последните 15 минути, но голманот Пикфорд сепак остана несовладан.

“Знаев дека се брилијантни, дека имаат добри играчи на сите позиции. Ги истражував, не верував дека имаат толку многу добри играчи. Беше тешко, тие се одличен тим”, изјави Белингам и нагласи дека Тој смета дека Англија се уште е фаворит за кревање на трофејот на 14 јули во Берлин:

“Да, чувствуваме голема самодоверба. Моите соиграчи се одлични. Имавме план за игра и го следевме. Веруваме во себе, но мораме да го потврдиме тоа на теренот. “, заклучи асот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…