Aлександар Павловиќ пред почетокот на Европското првенство се повреди и отпадна од составот на германската репрезентација, но сега доби добра вест.
Баерн Минхен објави дека Павловиќ го продолжи договорот со тимот до 2029 година со што клубот потврди за него има големи очекувања во иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам дека Алекс ќе биде еден од нашите најпрепознатливи и најважни играчи во наредниот период. Павловиќ е профил на играч како што клубот и навивачите посакуваат. Тој е роден во Минхен каде што стигна до првиот тим преку младинската академија и Баерн го носи во своето срце“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.
„Сонував да настапам на ЕП на домашен терен, но тој сон беше уништен во последен момент. Сега сум среќен поради продолжувањето на договорот со Баерн и ова е сериозна потврдаза довербата на клубот“, истакна Павловиќ.