Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Инвазија на албански навивачи во Германија🎥

Инвазија на албански навивачи во Германија🎥

Фудбалската репрезентација на Албанија ќе има огромна поддршка на претстојното Европско првенство, особено на првиот натпревар против Италија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дури 50.000 навивачи се подготвуваат за овој натпревар во Дортмунд, дел иселеници од европските земји, но и навивачи од Албанија кои специјално ќе допатуваат за натпреварите на репрезентацијата во Германија. 

Албанските навивачи денес буквално го „окупираа“ Дортмунд пред натпреварот со Италија кој на програмата е во 21 часот.

Албанија потоа на 19 јуни игра во Хамбург против Хрватска, а потоа со Шпанија во Дизелдорф на 24 јуни. Јасно е дека тие се најголемите аутсајдери од оваа групација, но зад себе ќе имаат голема поддршка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ВАР-системот го одреди шампионот на Англија?! (Видео)

Во лондонското дерби, Вест Хем бараше бодови за спас, а Арсенал за титулата. На крајот, ти…