Домаќинот Германија на фантастичен начин го отвори Европското првенство и после првото полувреме има водство од 3:0 против Шкотска.
Германија од самиот старт покажа дека е фаворит и дојде до водство уште во 10-та минута со голот на Флоријан Виртц.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само неколку минути подоцна Мусијала зголеми на 2:0. Со тоа двајцата 21-годишни фудбалери поставија рекорд. Германија стана првата репрезентација во историјата која имала двајца различни стрелци на еден меч на Европско кои имаат 21 година или помалку.
Пред самиот крај на полувремето судијата Турмап досуди пенал, а сигурен од белата точка беше Хаверц за 3:0.
GOAL FLORIAN WIRTZ | GERMANY 1-0 SCOTLAND pic.twitter.com/V04kXdqj13
— SimplyGoal (@SimplyGoal) June 14, 2024
GOAL JAMAL MUSIALA | GERMANY 2-0 SCOTLAND
— SimplyGoal (@SimplyGoal) June 14, 2024
https://t.co/sQmlqFnU2F