Лионел Меси во изјавата за „ЕСПН“ најави дека Интер Мајами ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. Да, ако ме прашате денеска каде ќе ја завршам кариерата, тоа речиси сигурно ќе биде Интер Мајами“, изјави 36-годишниот Меси.
Меси со ова ги разочара Аргентинците кои очекуваа Меси кариерата да ја заврши токму во Аргентина.