Николо Барела ја продолжи верноста со Интер и стави потпис на договор до 2029 година со „нероаѕурите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека платата на Барела со новиот договор ќе изнесува 6.5 милиони евра по сезона, додека со бонуси истата може да стигне и до осум милиони евра.
Барела е еден од најважните фудбалери во тимот, па приоритет на Интер беше да го задржи долгорочно во своите редови.
„Горд сум и среќен што останувам во Интер. Заедно ќе бидеме дел од нови успеси“, изјави Барела.