Жарко Ристоски, македонскиот одбојкарски тренер во иднина ќе го води тимот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Преку својот профил на социјалните мрежи, Ристоски го потврди преземањето на саудискиот клуб каде што ќе работи во сезоната 2024/2025.
„Среќен сум што можам да соопштам дека мојот следен голем предизвик е Ал Хилал“, гласи објавата на Ристоски.
Во последниот период Ал Хилал во фудбалскиот свет познат по доведувањето на фудбалски ѕвезди како Нејмар, Митровиќ, Савиќ…