Дома Фудбал Репрезентации Доказ за неговио потенцијал: Новото засилување се изедначи со Пеле!

Доказ за неговио потенцијал: Новото засилување се изедначи со Пеле!

Бразил во Тексас пред 85.000 навивачи со 3:2 го победи Мексико. Имаше предност Бразил од 2:0, но Мексико дојде до 2:2, а победничкиот гол за „Кариоките“ во 96. Минута го постигна 17-годишниот Ендрик.

Ендрик треба да биде новата ѕвезда на Реал Мадрид каде што официјално ќе пристигне во Јули. За него ова беше трет натпревар во низа за Бразил на кој постигнува гол.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Вкупно во дресот на бразилската репрезентација настапи на пет натпревари и постигна три гола. Со овој учинок се изедначи со Пеле. Двајцата се единствените фудбалери кои уште малолетни стигнале до бројката од три гола за „А“ репрезентацијата.

Ќе потсетиме, Ендрик ова лето ќе наполни 18 години и тогаш ќе премине во Реал Мадрид. Палмеирас од Реал Мадрид за неговите услуги како оштета ќе добие 55 милиони евра.

Во Реал тој ќе се придружи на неговите сонародници, Винисиус и Родриго, а како што е познато во Мадрид од ова лето ќе биде и Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …