Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.
„Росонерите“ имаат одлична соработка со Челзи и минатото лето ги доведоа Лофтус Чик и Пулишиќ, а сега сакаат уште еден фудбалер на „сините“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е во завршни преговори за ангажман на Зиркзе, но сака да го ангажира и Броја бидејќи е напаѓач со различни карактеристики.
22-годишниот напаѓач минатата сезона запиша неколку настапи за Челзи и самиот сака да ја промени средината.
Двата клуба преговараат за едногодишна позајмица со право на откуп.
📰 @NicoSchira: Positive first talks beetwen Chelsea and Milan for Broja. Chelsea want to sell him and the albanian has given his avaibility to join Milan. pic.twitter.com/cY1h72Rt6q
— Milan Posts (@MilanPosts) June 7, 2024