Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико.
Меси даде големо интервју за аргентинската телевизија и новинарот Поло Алварез. Во него откри особено интересно беше прашањето дали ќе игра на Светското првенство во 2026 година, каде Аргентина ја брани титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тогаш ќе имам 38 години и се зависи од тоа како ќе се чувствувам.Пред се дали ќе бидам физички подготвен.Зависи како ќе се чувствувам и во каква физичка кондиција ќе бидам, морам да бидам реален. Има уште многу време… Всушност, тоа е и малку време бидејќи брзо ќе помине. Се уште не е време да се донесе одлука. Годините можеби се само бројки, но тие постојат и во реалноста.“, рече тој.