Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за холандскиот репрезентативец и играч на Интер, Дензел Думфрис.
Холаѓанецот со своите партии се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови, па го привлече вниманието на многу европски гигати.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Интер има финансиски проблеми, па доколку пристигне добра понуда е спремен да го продаде ова лето. Притоа, „нероаѕурите“ на таа позиција го имаат Павард и нема да имаат против Холанѓанецот да замине.
Манчестер Јунајтед и Челзи веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и стапиле во контакт со неговиот агент.