Дома Фудбал Шпанија му верува на Де Ла Фуенте – му даде нов договор пред почетокот на ЕП!

Шпанија му верува на Де Ла Фуенте – му даде нов договор пред почетокот на ЕП!

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте го продолжи договорот со националниот тим до 2026 година, соопшти Фудбалската федерација на таа земја (РФЕФ).

„РФЕФ го информираше националниот селектор за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на РФЕФ.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Де Ла Фуенте стана селектор на Шпанија во декември 2022 година, наследувајќи го Луис Енрике на таа позиција.

Со репрезентацијата на Шпанија, Де Ла Фуенте ја освои Лигата на нации во 2023 година и се пласираше на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни.

На Европското првенство Шпанија ќе игра во групата Б, со Италија, Хрватска и Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…