Дома Трансфер зона Њукасл ќе му направи услуга на Димитриевски?

Њукасл ќе му направи услуга на Димитриевски?

Според последните информации екипата на Њукасл почнала да работи на трансфер на голманот на Валенсија Георги Мамардашвили.

23-годишнито грузиски голман брани одлично на голот на Валенсија во последните неколку сезони и тоа придонесе за голем интерес. Токму тој е еден од најзаслужните што Грузија за првпат ќе игра на Европско првенство.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


За неговите услуги Валенсија плати само 850.000 евра, а сега ќе го продаде за повеќе од 40 милиони евра. Според информациите, толку ќе изнесува понудата за него од „Сент Џејмс Парк“.

Клазулата која ја има Мамардашвили во договорот изнесува 100 милиони евра, меѓутоа со оглед на тоа дека финансиски Валенсија не стои најдобро се согласи и да ја намали цената.

Заминување на Грузиецот од Валенсија ќе значи и услуга за Димитриевски кој по репрезентативната пауза треба да се приклучи на клбуот од „Местаља“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…