Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.
Атлетико е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал. Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити со повисока плата.
Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.
Симеоне сака да го убеди да се пресели во неговиот тим, но Манчестер Сити нема лесно да се откаже од Аргентинецот.