Францускиот стопер Рафаел Варан по заминувањето од Манчестер Јунајтед би можел да ја продолжи кариерата во Франција.
Искусниот централен бек е слободен да избере нова средина по истекот на договорот со Јунајтед и има желба да ја продолжи кариерата во Европа и покрај бројните покани од Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од клубовите што се распрашува за неговите услуги е Ленс. Станува збор за клубот чии бои Варан ги бранеше од 2002 година, кога пристигна како единаесетгодишник, а потоа во 2011 година замина во Реал Мадрид за 11.000.000 евра.
Последните три сезони играше за Манчестер Јунајтед, но не со преголем успех во однос на тоа што го направи во Реал Мадрид, иако има два трофеи во Купот.