Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски полсле мечот со Хрватска изјави дека играчите не се конкурентни бидејќи немаат доволна минутажа во клубовите.
Македонската репрезентација продолжи со слабите игрчи и запиша уште еден пораз, а Милевски овај пат оправдување најде во играчите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хрватска покажа дека е подобра во овој момент и честитки за нивната победа. Ние во првото полувреме имавме неколку добри моменти и мислам дека можевме да ги искористиме подобро“.
„До септември ќе мораме да анулираме и некои аномалии во нашата игра, се појавија околу тактичката дисциплина во играта, но и кај физичката подготвеност. Некои играчи мора да ги решат проблемите со минутажата во своите клубови за да бидат поконкуретни во националниот тим“, изјави Милевски.